Непознати лица во Охрид претепале татко и син

Вчера во 22:50 часот во ПС ОН-Охрид бил пријавен нарушен јавен ред и мир помеѓу повеќе лица на бул.„Туристичка“. Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот, при што биле затекнати лицата: У.И. (18) и У.И. (44) двајцата од Охрид.

Од извршениот разговор со истите констатирано било дека додека У.И.(18) движејќи се со возило по бул.“Туристичка“, бил сопрен од страна на три непознати лица. Откако застанал лицата почнале да викаат на висок тон и со раце и нозе да удираат по возилото, при што го оштетиле предниот браник и го скршиле задното десно стоп светло. У.И. се исплашил и заминал, по што телефонски му кажал на неговиот татко. За кратко време кога поминал покрај кај кафе бар го забележал неговиот татко паднат на земја, а истите лица го удирале по телото со дрвена летва и железна шипка. Кога У.И.(18) отишол да му помогне, лицата физички го нападнале и него, по што побегнале од местото на настанот. На двете лица им била укажана лекарска помош, при што кај У.И. (44) се констатирани телесни повреди, а кај У.И. (18) биле констатирани тешки телесни повреди (внатрешно крварење на мозокот).

Истите ќе бидат задржани на понатамошно лекување во МЦ Охрид. Од страна на ОКТ при СВР Охрид извршен бил увид на местото на настанот и подигнати биле предмети за понатамошна постапка. СВР-Охрид презема мерки за целосно расчистување на случајот.