Градоначалникот Бакрачески и евроамбасадорот Жбогар заедно ги следеа Богојавленските празнувања

На големиот водосвет на Охридското Езеро, што се одржа на градското пристаниште, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески, беше и амбасадорот на европската комисија во Република Македонија Самуел Жбогар.

Во текот на денот, Бакрачески и Жбогар, разменија мислења за повеќе актуелни прашања, меѓу кои доминираа оние поврзани со Охрид.