Жител од Волино нападнал полициски службеник

Утрово во 02:30 часот во ПС Охрид, при приведување по претходно нарушен ЈРМ А.Т.(26) од с.Волино–Дебрца, физички нападнал полициски службеник удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.

Истиот бил приведен и задржан во ПС за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.