Кривична пријава за битолчанец и кичевчанец кај кои била пронајдена дрога

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Д. (25) од Битола и против Ш.Б. од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 23.09.2016 година во Кичево од страна на полициски службеници затекнато е лицето М.Ј. од Кичево и при извршен личен преглед кај него е пронајдена цигара со мешавина од тутун и марихуана со нето маса од 0,1 грама која ја набавил од првопријавениот Б.Д.. Второпријавениот Ш.Б., на 28.08.2016 година во Кичево бил затекнат од страна на полициски службеници и при извршен личен преглед кај него била пронајдена цигара со мешавина од тутун и марихуана со нето маса од 0,69 грама и зипер кесичка со марихуана со нето маса од 1,73 грама.