Кривична пријава за лице од Скопје кај кого била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.В. (34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

На 06.07.2016 година во 18.15 часот на паркинг лоциран на ул.„Караорман” во Охрид, при извршен преглед врз пријавениот и патничко возило „Тојота”, сопственост на неговиот татко, а управувано од него, биле пронајдени три зипер кесички со вкупна нето маса од 5,33 грама марихуана.