Започнуваат уписите за Бреинобреин едукативната програма

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид во пролетниот циклус започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

„Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.“– велат од Црвен крст.

Детални информации за оваа програма и за уписите, заинтересираните можат да добијат на отворениот ден за БОБ програмата кој ќе се реализира на 28.01.2017 г. (сабота) од 10-14 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.

Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој оваа програма ја имплементира од 2010 година. За успешноста на нашиот БОБ-Црвен крст Охрид центар говорат бројните трофеи и медаљи на учениците и тренерите, освоени на четирите државни натпревари одржани во Скопје во 2012, 2013, 2015 и 2016 година, како и на меѓународните натпревари во Загреб, Хрватска и во Дубаи, Обединети Арапски Емирати во 2015 година.