Кривични пријави за две лица од Охрид поради фалсификување на службена исправа и несовесно работење во службата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.С. (63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа” и против Н.С. (48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело , „несовесно работење во службата”.

Првопријавениот на 18.11.2013 година во службена исправа – налог за работа, кој лично го составил, внесол невистинити податоци за единечни мери и количини на материјали и услуги за изработена гробница од нарачателот Д.П., а исто така внел и невистинити податоци за цените и услугите кои биле спротивни на Одлуката за утврдување на надоместок на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта”, а потоа таквата исправа ја заверил со сопствен потпис и ја предал на второпријавениот со намера да се достави до сметководство и врз неа да се изготви фактура за дадени услуги. Со тоа предизвикал материјална штета за ЈП „Градски гробишта” во износ од 11.400 денари. Второпријавениот на 18.11.2013 година со пропуштање на должен надзор во вршење на своите службени должности и овластувања, наместо да изврши контрола на внесените ставки од страна на првопријавениот, внел невистинити податоци и без да ја исконтролира и да ја спречи нејзината употреба во службата, ја заверил со свој потпис и ја доставил до Одделението за сметководство каде врз основа на неа била издадена фактура, со која бил задолжен нарачателот на услугата да плати надоместок помал за 11.400 денари.