Објавени училиштата кои добија средства за развој и унапредување на мултикултурализам, меѓуетничка интеграција и толеранција

Министерството за образование и наука објавува листа на основни училишта и листа на средни училишта кои добија средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во училиштата во Република Македонија, одобрени согласно со законите за основно и средно образование.

Планираните активности во апликацијата, училиштата можат да започнат да ги реализираат исклучиво откако ќе добијат решение за одобрените средства од страна на Министерството за образование и наука.