Се расчистуваа патиштата во Коњско и патот кон плажите кај Рача

Акцијата за расчистување на локални патишта по налог на Комуналната инспекција продолжува.

Во текот на вчерашниот ден екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани за расчистување на неколку улици во с. Коњско.

„Беше отстранета вегетацијата од гранки од дрвја, трње и диви жбунови со цел да се овозможи подобра прегледност на возилата кои циркулираат на тој дел. Денес акцијата продолжи и во нас. Рача, на патот кој води спрема плажите (наспроти вилата „Александар”).“ велат од претпријатието.