„Лимак Купот на Македонија 2017“ ќе се одржи од 17 до 19 февруари во Кавадарци

Организаторот Лимак Холдинг и Македонската Кошаркарска Федерација одлучија Купот на Македонија 2017 да се одржи во Кавадарци во спортската сала “Јасмин“ од 17 до 19 февруари.

Лимак Холдинг искажува особена благодарност до Кошаркарскиот Клуб Фени Индустри за поддршката во организацијата на Купот на Македонија во Кавадарци, за отстапувањето на салата и за поддршката околу судискиот и безбедносниот дел од организацијата.

На „Лимак Купот на Македонија 2017“ ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат во еден ден. И тоа со натпреварувачки броеви во кои МЗТ Скопје и Карпош Соколи (неиграат во првиот дел) ќе бидат дел од „привилегираната” група од четири клубови, заедно со првопласираните две од првиот дел од сезоната (екипите на Работнички и на Фени Индустри).

Лимак Холдинг е светски реномирана компанија со седиште во Турција основана во 1976 година, специјализирана за секаков вид инфраструктурни и градежни проекти, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, брани, хидроцентрали, фабрики, индустрискиобјекти, цевководи, хотелиерство и туризам.

Лимак за кратко време ќе започне со изградба на огромен комплекс вклучително и тунел напросторот околу Старата железничка станица во Скопје.Планира да инвестира над 200 милиони евра во современ, атрактивен, мултифункционален деловно резиденцијален комплекс кој ќе има за цел да го спои симболот на градот Старата железничка станица со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје.