Донација од СР Германија за Одделот за гранични работи и миграција

Aмбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Кристине Алтхаузер денеска на министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу му предаде донација од четири возила „Дачиа Дастер“, наменети за Одделот за гранични работи и миграција при Министерството за внатрешни работи, а донирани од страна на Владата на Сојузна Република Германија.

„Донацијата од четири возила во вредност од околу 60.000 евра, пред се е наменета за зајакнување и надополнување на техничките капацитети на граничната полиција, со цел нејзино полесно и поефикасно функционирање според современите професионални стандарди и полесно справување со предизвиците во борбата против прекуграничниот криминал согласно позитивната пракса на ЕУ. Дозволете ми, во име на Министерството за внатрешни работи, да изразам благодарност за несебичните заложби и ангажмани на луѓето од амбасадата на Сојузна Република Германија и Владата на Сојузна Република Германија, претставувана од амбасадорот во Република Македонија г-ѓа Кристине Алтхаузер, за оваа за нас мошне значајна помош и поддршка, со силна увереност дека соработката ќе продолжи и ќе се интензивира во иднина“- рече министерот Нухиу.

Aмбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Кристине Алтхаузер се осврна на долгогодишната соработка помеѓу двете земји, која е полна со доверба и се протега на многу области. Како што рече, главна цел е поддршката на Македонија на нејзиниот евро-атлантски пат.

„Кон ова спаѓаат секако и соработката со МВР и клучните области на правната држава. Предавањето на возилата денес е доказ на партнерската соработка. Оваа помош во опрема се доделува во рамките на долгогодишната, билатералната соработка и партнерство на Граничната полиција на Македонија и на Сојузната полиција. Се работи за четири возила, чија цел е ефикасноста на контролата на границата на Македонија и понатаму да се поддржува и придружува во духот на парнерството. Оваа помош во опрема е дел од годишниот план на мерки, кои што е договорен помеѓу Сојузната полиција и Македонската гранична полиција. Покрај техничката опрема, тој исто така опфаќа и усовршување во областите:

• обука за проверка на документи,
• обука на возачите,
• гранична контрола,
•обработка и анализа и

• безбедност на воздушниот простор.

Во овој контекст, во оваа година ќе се спроведат вкупно седум мерки на обуки на граничната полиција во Германија и Македонија. Со тоа, билатерална соработка на граничната полиција ќе се продолжи и интензивира и во 2017-та година“, рече амбасадорката Алтхаузер.

Покрај помошта во обука и опрема, оваа соработка се однесува и на редовната размена на информаци, oбиколување на границата и оперативна соработка на Македонската гранична полиција и Сојузната полиција. Македонско-германската соработка во секторот на граничната полиција воопшто, претставува важен составен дел во областа на безбедноста, и во текот на изминативе години таа се разви во еден однос, кои ги надминува деловно партнерските релации, и од кој профитираат и двете гранични полицски служби, рече амбасадорката Алтхаузер.