Од полноќ горивата со нови цени

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, ќе се зголемат во просек за 0,43%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.01.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво утврдена со Одлуката од 23.01.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.01.2017 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,680 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.01.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,845 ден/кг.