Започна новиот циклус од програмата ЦКА-ПХВ

Започна новиот циклус од програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности) која веќе 12 години се реализира во Црвен крст Охрид како дел од националната програма на Црвен крст на Р.Македонија. Целта на оваа програма е да се мобилизираат младите на возраст од 14-18 години да стекнат соодветни знаења и вештини кои понатаке ќе ги применат во изработка на проекти преку кои се гради взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество и воедно се помага на ранливите категории на граќани во локалната заедница.

Оваа година 45 младинци со голем интерес и посветеност ја следат ПХВ обуката која на многу интересен, интерактивен и креативен начин ја водат двајца национални инструктори, коинструктор и дисеминатор на ПХВ програмата.

Обуката се одвива во три циклуси во периодот од 1 до 15 февруари 2017. По завршување на истата младите ќе бидат оспособени за работа на терен во истражување на потребите на заедницата, пронаоѓање на целни групи и начини за реализација на конкретна помош на оние на кои помошта им е најпотребна. Организирани во тимови во наредните два месеци младите ќе изработуваат мали проекти од огромно значење за заедницата.