Македонија со ново најниско место на ФИФА рејтинг листата

Македонија се наоѓа на 165 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Ова е нов најнизок „рекорд“ откако нашата фудбалска репрезентација забележа пад од -3 места. Сега Македонија го дели ова место со репрезентацијата на Косово.

Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде остануваат Аргентина, Бразил и Германија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Камерун со скок од +29 места се искачи на 33 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска од -13 места и се најде на 47 место.

WebOhrid