Охриѓанец претепан и ограбен при влегување во казино

На 10.02.2017 година во 07,25 часот телефонски во ПС-Охрид, С.С.(54) од Охрид, пријавил дека истиот ден околу 06,30 часот отишол во казиното „Адмирал“ лоцирано на ул.„Партизанска“ и при влегувањето помеѓу две врати го пресретнале лицата Ф.А. и А.Ф. од Охрид, по што А.Ф. му побарал 1.000 денари, но С.С. одбил да му даде. А.Ф. му рекол или да му даде пари или ќе го истепа, а потоа заедно со Ф.А. го фатиле за рацете и почнале да го удираат со тупаници во пределот на главата, воедно А.Ф. му зел 10.000 денари кои ги држел во раката, и продолжиле да го удираат по телото. С.С. успеал да влезе внатре во казиното, но А.Ф. продолжил да го удира со тупаници, по што С.С. паднал во безсознание, соопшти МВР.

На С.С. му е укажана лекарска помош во МЦ-Охрид, од каде е префрлен во Болницата Св.Еразмо и му е констатирана ТТП (фрактура на нос, набиеници по главата и лицето, крвен подлив околу окото и рана на устата).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.