Светски ден на радиото

На 14 јануари 2013 година, Генералното собрание на Обединетите Нации ја одобри прокламацијата на УНЕСКО за Светскиот ден на радиото 13 февруари, ден кога радиото се слави како медиум кој ги едуцира луѓето, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури.

Целта на одбележувањето на овој ден е да се зголеми свеста на јавноста и медиумите за значењето на радиото, да се поттикнат носителите на одлуки да воспостават и да обезбедат пристап до информации преку радиото, како и да се зајакне вмрежувањето и меѓунарорната соработка меѓу радиодифузерите.

Радиото не информира и не преобразува, преку забава, информации и учество на публиката. Да има радио значи дека никогаш не сте сами – со радиото вие секогаш имате пријател.

WebOhrid