Вработени од МВР ќе партиципираат во програмата за дигитална форензика и истрага на компјутерски криминал во Даблин

Во рамките на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа за таргетирање на комјутерскиот криминал во Југоисточна Европа и Турција – iPROCEEDS, двајца вработени во Министерството за внатрешни работи ќе партиципираат во програмата за дигитална форензика и истрага на компјутерски криминал чиј домаќин е Универзитетот во Даблин, Ирска.

Учеството во Програмата е финансирана од iPROCEEDS во времетраење од 24 месеци и ќе ги покрие модулите како дигитална форензика, техники за финансиска истрага – следење на пари, мрежни истраги, истраги на мобилни уреди, VoIP и безжични истраги и други. Учење ќе се одвива преку комбинација на предавања, работа во лаборатории, студии на случај, читање, мали групни и индивидуални вежби, демонстрации со алатки и дискусии.