Колкави се цените во земјоделството во јануари во однос на лани?

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 4.6%, а кај аутпутот зголемувањето е 4.9%.

Во јануари 2017 година, во споредба со јануари 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 104.9, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.6.

Во делот аутпут, во јануари 2017 година, во споредба со јануари 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 108.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 95.8.