Македонија на 34-тото издание на меѓународниот саем за туризам во Бугарија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија од 15ти до 17ти Февруари 2017 година е дел од 34-тото издание на Меѓународната саемска манифестација за промоција на туристичката понуда во Софија, Бугарија – HOLIDAY&SPA EXPO 2017.

За време на саемот во Софија остварена е средба со амбасадорот на Република Куба во Република Бугарија, Н.Е. Педро Пабло Сан Јорге со цел негово запознавање на туристичките можности на Македонија и продлабочување на соработката во туристичкиот сектор помеѓу двете земји.

Познатиот тур-оператор Бохемија и Асоцијацијата на туристичките агенции на Бугарија (БАТА) сметаaт дека Македонија има атрактивна понуда за бугарскиот пазар, зклучок кој доаѓа како резултат на нивната организација на кружни тури низ Балканот, во кои е вклучена и Македонија.

Агенцијата за туризам на овој саем оствари средби со повеќе тур-оператори, туристички агенции и туристички комори од Бугарија кои најавија зголемување на бројот на аранжманите, а со тоа и бројот на туристите за 2017-та година во Македонија. Оваа прилика беше искористена и за дополнителна промоција на Македонија преку гостување на различни емисии специјализирани за туризам во Република Бугарија.

На саемот за туризам во Бугарија туристичката понуда ја претставија 377 излагачи, а на штандот на Македонија присутни беа тур-операторите Фибула и БТБ Турс, како и хотелите Изгрев, Климетица, Сириус и Аурора Ресорт и Спа.