Намалено вкупното производство на шумски производи во четвртото тримесечје од 2016

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на четвртото тримесечје од 2015 година, е намалено за 31.7%.

Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничко дрво од иглолисни и листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај друго обло дрво од листопадни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторно дрво од листопадни видови, огревно дрво од иглолисни и листопадни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки.