Стружанец заработи кривична пријава поради неизвршување судска одлука и одземање малолетник

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б. (38) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување судска одлука“ и „одземање малолетник“.

На пријавениот со судско решение од 2016 година, издадено од Основен суд Охрид, изречени му се привремени мерки на заштита од семејно насилство. Тој имал забрана да врши секаков вид на семејно насилство, да се заканува дека ќе изврши семејно насилство, физички да ја напаѓа неговата поранешна сопруга, забрана да се приближува до 100 метри од нејзиниот дом, забрана да ја малтретира, вознемирува, навредува или на друг начин да комуницира со неговата поранешна сопруга. И покрај тоа, пријавениот А.Б. продолжил со вознемирување и јавување од неговиот мобилен телефон, но и да ја следи поранешната сопруга, предизвикувајќи чуство на несигурност, страв и вознемиреност. Во текот на јануари оваа година, пријавениот, од неговата поранешна сопруга ја одзел нивната малолетна ќерка, која со решение на основниот суд во Охрид, привремено, се до донесување на одлука од центарот за социјални работи, и била доверена на чување и воспитување.