Намален бројот на превезени патници со автобуси

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 8.2%. Според видот на превоз, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 12.5%, во приградскиот превоз за 0.5%, во меѓуградскиот превоз за 5.1%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 6.3%.

Во однос на третото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на превезени патници е зголемен за 25.2%. Според видот на превоз, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 30.0%, во приградскиот превоз за 25.4%, во меѓуградскиот превоз за 2.2%, додека во меѓународниот превоз е намален за 27.2%.

Во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 13.2%. Според видот на превоз, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 13.8%, во приградскиот превоз за 27.5%, во меѓународниот превоз за 11.7%, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 2.2%.

Во однос на третото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на патнички километри е намален за 5.6%. Според видот на превоз, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 43.1%, во приградскиот превоз за 0.8%, во меѓуградскиот превоз за 1.8%, додека во меѓународниот превоз e намален за 37.8%.