Градоначалникот Бакрачески во обиколка на Подмоље и Велгошти

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, вчера, беше во обиколка на селата Подмоље и Велгошти, каде се во тек градежните зафати за асфалтирање на повеќе делови од улиците.

Во Подмоље се асфалтираат две улици со вкупна површина од 645 метри квадратни, додека во Велгошти се четири улици со вкупна површина од 880 метри квадратни. Градежните активности се очекува да завршат во текот на денешниот ден.

Градежните зафати за асфалтирање на сите шест улички изнесуваат 1 972 000 денари, средства издвоени од буџетот на општина Охрид.