Вечерва ќе се промовира стрипот „Витези од соседството“

Вечерва ќе биде промовирана графичката новела „Витези од соседството“ на сценаристот Јордан Коцевски и илустраторот Дарко Богданов. Промоцијата ќе се одржи во изложбениот салон на Центарот за клутура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 19:00 часот.

„Витези од соседството“ е стрип со урбана содржина, кој главните личности ги става во неочекувани ситуации. „Витезите“ се обични млади луѓе кои се обидуваат да го донесат соседството во стариот сјај, исчистен од проституција и дилери.

Покрај во Охрид, промоции на стрипот ќе бидат одржани и во домот на култура во Виница на 24.02.2017 со почеток во 19:00, и Скопје во Кафе Ли во 20:00 часот.