Бизнис Конфедерација на Македонија на средба со компаниите од охридско-струшкиот регион

Бизнис Конфедерација на Македонија организира деловна средба со претприемачите на компаниите од охридско – струшкиот регион. Средбата ќе се одржи на 28ми февруари, со почетокот од 12:45 часот, во хотел Милениум, Кеј Македонија бб, Охрид.

Бизнис Конфедерацијата на Македонија на оваа средба ќе ги слушне проблемите и очекувањата на бизнис заедницата и заеднички ќе се постават приоритети и изнајдат решенија за подобра бизнис клима. Ќе се разговара и за предлог-политики за надминување на проблемите со кои се соочуваат микро, малите и средните препријатија.

На средбата ќе бидат присутни претприемачи и претставници на компаниите од регионот, како и претставници на Локалната самоуправа.