Премиерна изведба на претставата „Девојчето и дванаесетте месеци”

Во сабота, 25.02.2017 година, во 19:00 часот, во Домот на културата во Вевчани ќе се одржи премиерна изведба на претставата „Девојчето и дванаесетте месеци” во изведба на патувачкиот театар „Поклони се и падни”.

Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ работи во рамките на Здружението – КУД „Дримкол“ од Вевчани, кој успешно работи и зад себе има реализирано многу бројни претстави.

Словачката народна приказна е работена според адаптираното сценарио на Љубица Баткоска, а е во режија на Душко Кукоски.

Улогите ги толкуваат: Маре – Ева Костојчиноска, Таткото – Душко Кукоски, Маќеата – Даниела Маретиќ, Злата – Александра Плушкоска, Јануарко – Душко Кукоски, Февруарко – Елизабета Шекуткоск, Баба Марта – Наташа Кукоска. Останатите месеци се членови на фолклорниот ансамбал при КУД „Дримкол“.