Се обновуваат садниците во градскиот парк

Денес дел од вработените во „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на обновување на садниците во паркот кај градскиот плоштад.

„Се вршеше замена на изгазените и оштетени од студеното време садници, и засадување на нови садници од цветниот расад виола, или народски  „очиња”.“- информираат од претпријатието.