Делегација на СДСМ оддаде почит на претседателот Борис Трајковски

Делегација на СДСМ во состав Диме Велковски, претседавач со ЦО на СДСМ, Цветанка Ласкова претседателка на Форумот на жени на СДСМ и Дарко Давитковски член на ИО на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, денеска, на 13 годишнината од неговата смрт.

СДСМ, како и сите граѓани на Македонија, со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Трајковски кон Република Македонија, кој посветено работеше на соработка и заедништо и отвори нови перспективи за граѓаните. Овие вредности остануваат водилка за генерациите кои доаѓаат. СДСМ е цврсто определена во негување и развој на соработката и заедништвото во интерес на добрата иднина на сите граѓани и Република Македонија.