Апсолутна доминација на охриѓанки на стартот од новата сезона во стрелаштво

Апсолутна доминација на јуниорките  од СК „Охрид“ на самиот старт на натпреварувачката сезона. Имено на првиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, што викендов се одржа во Скопје на стрелиштето во гимназијата „Раде Јовчески-Корчагин“, првите три позиции беа загарантирани за охридските стрелци.

На првата позиција со нов личен рекорд и недостижен резултат од извонредни 409 кругови се пласира Мартина Петровска од СК „Охрид“. Вицешампионска позиција за младата Анастасија Мојсовска, со резултат од 395,5 кругови. ( Двете јуниорки повторно ја исполнуваат минималната олимписка норма која изнесува 392,0 кругови ). Веднаш зад нив, на третата позиција се пласира Јана Маркоска со резултат од 389,3 кругови.

„Ова е одличен старт за нашите јуниорки, за кои се очекува да се најдат на списокот на Селекторот Јордан Тасески за јуниорскиот светски Куп во Сул, што треба да се одржи од 22-29.06.2017 год., но истотака може да се очекува настап и на некој од престојните Светски Купови во Минхен и Габала. И останатите јуниорки Мартина Кочовска, Стефани Ефтимовска и Јована Смилеска со свои лични рекорди и резултати од 375,3, 371,2 и 351,4 кругови, се пласираа во десетте најдобри во јуниосрка категорија.“ – информираат од СК „Охрид“.