Осум години во континуитет македонскиот туристички производ промовиран на саемот за туризам во Белград

Во организација на АППТРМ, македонскиот туристички производ по осми пат е промовирам на меѓународниот саем за туризам “ITF”-Србија, што се одржа во Белград од 23ти до 26ти февруари, 2017 година.

Континуирано остваруваме средби со нашите долгогодишни партнери со кои ја одржуваме меѓусебната соработка, како и остварени нови контакти со Asteria travel и Balkan Break кои сакаат да ја вметнат Македонија во нивната туристичка понуда.

На македонскиот штанд беа присутни претставници од приватниот туристички сектор, а се промовираамакедонските дестинации кои се доволно атрактивни и богати со понуда за да го привлечат вниманието на српскиот турист.

Македонскиот туристички производ е веќе препознатлив на српскиот туристички пазар, а за тоа говорат бројките и растот од 31,52% за туристички посети во последните четири години, со остварени 50.145 посети и 93.782 ноќевања во 2016 година. Српските туристи најмногу го посетуваат Југозападниот и Југоисточниот регион, нешто помалку и Вардарскиот, според податоците добиени од Државниот завод за статистика.

На саемот беа присутни 11.000 излагачи и истиот беше посетен од 75.000 посетители и потенцијални туристи. Штандот на Македонија кој ги отсликува традиционалните македонски продукти и препознатливи туристички дестинации беше во сала со сите странските излагачи.