Положено свежо цвеќе по повод 109 години од смртта на Марко Бошњаков

Со полагање на свежо цвеќе пред родната куќа на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков, денес, беше одбележана 109 годишнината од неговата смрт. Пред присутните се обрати претседателот на Комисијата за одбележување на знајачни настани и личности, Дејан Паноски.

„Денеска по 109 пат се одбележува годишнината од смртта на гемиџијата Марко Бошњаков, и денеска, уште еднаш ќе треба да се потсетиме на неговата жртва, на неговиот патриотизам, на неговата желба да покаже се она што треба во еден таков историски момент за својата држава, односно за својот народ, рече Паноски, тој додаде дека „ние секогаш треба да сме тука да се сетиме на овие денови, да се сетиме како дел од историјата е и Марко Бошњаков кој ја дал својата жртва за Македонија, за идејата, за организацијата, и дека тие важни моменти треба да ни бидат и еден вид водилка за она што секоја генерација го има“.– рече Пановски.

Свежо цвеќе пред куќата на Бошњаков положија делегации на општина Охрид, невладини здруженија, основни училишта и политички партии.

Охриѓанецот Марко Бошнаков бил еден од неколкумината кои ги преживеаа Солунските атентати изведени од групата млади македонски патриоти наречени солунски атентатори. Тој бил заробен од аскерот во Солун и осуден на смрт. Смртната казна му била заменета со доживотна робија што ја отслужувал во тогашниот злогласен затвор Музрул во Африка, каде и починал на 27 февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците.