СДСМ: Охриѓани го загубија веслачкиот клуб „Југ“ поради негрижата на локалната власт

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„Охрид, охриѓани и Македонија од вчера го загубија најстариот спортски клуб на вода во градот, веслачкиот клуб „Југ“ поради негрижата на локалната власт. И покрај нашите заложби и поведувањето иницијатива во Советот на Општина Охрид, локалната власт не беше заинтересирана да му помогне на клубот.

Освен што нема адекватни простории за клубот, нема ниту било каква финансиска помош од локалната власт што би им дала мала надеж дека можат да опстојат. Празната сметка го остави „Југ“ и без нивните чамци кои им беа запленети.

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ наместо да троши пари на граѓаните за непродуктивни проекти, можеше и мораше да даде финансиска поддршка и да најде нови адекватни простории каде што би се сместил клубот.

Денеска, клубот кој постои од 1932 година се соочува згаснување, а и покрај бројните апели, градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници, не издејствуваа никаква помош.

Ова е вистинскиот доказ за наводната грижа на Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните. Охрид и граѓаните на Охрид не заслужуваат ваква неодговорна власт. По промените на наредните локални избори, Охрид ќе добие одговорна локална власт која ќе го унапреди животот во градот на спортски, културен и економски план.“- се вели во соопштението.