Седница на Советот за безбедност во собраќајот на патиштата на град Охрид

Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на град Охрид, денес одржа редовна седница. Членовите на Советот, го усвоија записникот од претходната седница, по што претседателот на Советот м-р Стефан Димоски, ја изнесе предлог програмата за работа на Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид за 2017 година.

Како што истакна претседателот Димоски, програмата за работа на ОСБСП Охрид за 2017 година предвидува реализација на повеќе значајни проекти и активности насочени кон општата јавност и кон сите целни групи-учесници во сообраќајот со цел унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид, едукација на целните групи за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот. Намерата е значително да се влијае кон подигнување на јавната свест за внимателност во сообраќајот, подигнување на сообраќајната култура кај сите учесници посебно на ранливите категории, намалување на сообраќајните незгоди, загуба на човечки животи, телесни повреди и материјални штети.

Предлог програмата за работа на Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид за 2017 година, се темели врз соработката со надлежни локални и републички институции, со предшколски и школски образовни центри, со високо образовни центри, со здруженија на граѓани како и со други асоцијации. Во предлог програмата, предложени се низа едукативни сообраќајни кампањи, проекти и трибини наменети за сите учесници во сообраќајот. Во својата годишна програма за работа во 2017 година, Советот ќе остварува интензивна комуникација и соработка со медиумите на локално и национално ниво.

Предлог програмата за работа на Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид за 2017 година, ќе биде поставена на дневен ред на следната седница на Советот на општина Охрид.