Спортски ден во салата „Тодор Александров“ во Велгошти

По повод роденденот на Тодор Александров (4ти март), денеска во Спортската сала во Велгошти која го носи неговото име, по четврти пат се одржува спортски турнир, именуван како „Спортски Ден“.

На истиот учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општина Охрид, учениците од основните училишта од општина Дебрца, а годинава за прв пат учествува и Приватното средно училиште „Јахја Кемал“, Струга. 

„Овој настан е настан за паметење, како што рече и професорт од „Јахја Кемал“ ова е нешто што се случува само во Америка. Направивме навистина настан за паметење со помош со Сојузот на училишен спорт. Не случајно е наречен овој ден „Спортски ден“ во Велгошти, овој ден ќе дојде и ќе заврши, но цела година во село Велгошти се зборува за овој настан. Посебно ми е драго што нешто направивме за паметење на градот Охрид, што ваков училишен ден се случува во градот.“- рече во своето обраќање директорот на ОУ „Живко Чинго“, Велгошти, Ѓоко Чингоски.

Во име на градоначалникот Бакрачески, пред присутните се обрати заменик градоначалникот на Општина Охрид, Ангел Јанев кој истакна:

„Јас морам да ја пренесам пораката: Имаме многу работи на кои не смееме да бидат дел од нашиот живот, алкохолот, дрогата, тутунот и многу работи како што се телефоните, компјутерите кои што дел од вашето време го земаат повеќе од она што треба.Вашите професори и тоа како ви кажуваат за ти работи.Јас препорачувам да внимавате на вашето тело, да ги слушате советите од вашите професори, од вашите родители, да се исправите, да се дружите, комуницирате, да спортувате. А, токму оваа манифестација претставува она што вам ви треба. Дружете се почитувани ученици, правете резулати, бидете одлични ученици, бидете одлични спортисти“. – порача Јанев, кој воедно и го прогласи овој ден за отворен.

Настанот има натпреварувачки карактер. Ученците се натреваруваат во четири дисциплини (баскет, мал фудбал, пинг-понг, шах), а за најдобрите ќе бидат доделени награди.

Спортскиот ден е во организација на ОУ „Живко Чинго“, во соработка со Сојузот на училишен спорт.

WebOhrid