Четврто место за ученичка од ОУ „Живко Чинго“ на Регионалниот натпревар по германски јазик

На 04.03 2017 година, во Основното Училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар, се одржа Регионален натпревар по германски јазик.

На овој натпревар учествуваше и ученичката Стефанија Вељаноска од ОУ „Живко Чинго”од Велгошти. Ученичката Стефанија го освои четвртото место и продолжува на Државниот натпревар, кој ќе се одржи на 10.03.2017 година.