Гердан од награди за учениците од ОУ „Кочо Рацин“- Охрид на регионалниот натпревар по математика и физика

Викендов во организација на приватното средно училиште Јахја Кемал се одржа регионалниот натпревар по математика и физика. На натпреварот ОУ „Кочо Рацин“, Охрид учествуваше со 8 ученици предводени од менторите Силвана Крстеска математика и физика и Елизабета Великоска математика. Беа постигнати следните резултати:

Во натпреварувачкиот дел  физика:

1 место Стефан Андрески – освоена награда од 3000 денари

  1. место Викторија Димоска – освоена награда од 2500 денари
  2. место Петар Коцев – освоена награда од 1000 денари

Во натпреварувачкиот дел математика:

  1. место Викторија Димоска – освоена награда од 3000 денари

Во натпреварувачкиот дел освојување на стипендија за упис во училиштето:

  1. место Викторија Димоска – освоена награда 90% попуст за упис во школото
  2. место Петар Коцев – освоена награда 30% попуст за упис во школото
  3. место Стефан Андрески – освоена награда 20 % попуст за упис во школото
  4. место Елена Адамова – освоена награда упис во школо без приемен испит.

„На сите ученици и ментори им ги честитаме освоените награди и им посакуваме уште поголеми успеси на претстојните регионални натпревари по математика и физика.“- велат од ОУ „Кочо Рацин“.

За потсетување на општинските натпревари кои се одржаа пред една недела ученикот Петар Коцев освои прва награда физика и втора награда математика, ученичката Викторија Димоска освои втора награда физика и ученикот Стефан Андрески освои втора награда физика.