Македонија на 166 место на ФИФА рејтинг листата

Според најновата ФИФА рејтинг листа Македонија се наоѓа на 166 место, откако нашата фудбалска репрезентација забележа пад од -1 место. И повторно, ова претставува ново најниско место за нашата фудбалска репрезентација.

Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде остануваат Аргентина, Бразил и Германија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Суринам од +9 места се искачи на 120 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Мијанмар од -13 места и се најде на 172 место.

WebOhrid