Се расчистува полигонот за мали спортови

Поранешниот полигон за мали спортови во центарот на градот, кој е во сопственост на ГП „Гранит”, по барање на ЈП „Билјанини Извори“ кое стопанисува со паркинг-просторот беше темелно исчистен. Екипите собраа големи количини на расфрлан комунален отпад, пластични шишиња, картонска амбалажа, искршени стаклени шишиња и др.