Се уредува просторот околу изворите во село Велмеј

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во село Велмеј каде што започнаа активностите за реализација на проектот за партерно уредување со поставување на урбана опрема на јавниот простор пред изворите Долни Исток во село Велмеј. Со проектот предвидено е изградба на паркинг простор, поплочување на пешачки патеки, уредување на просторот пред старата воденица, озеленување на просторот, поставување на клупи и канти за отпадоци и осветлување на просторот.

„Со проектот за партерно уредување се задоволуваат потребите од озеленување на просторот, се оформува уреден паркинг простор, уреден пешачки простор и простор за одмор. Содржините од овој проект ќе го збогатат и разубават овој дел од селото и ќе допринесат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, истакна градоначалникот Трајкоски.

За проектот партерно уредување со поставување на урбана опрема на јавниот простор пред изворите Долни Исток во село Велмеј, обезбедени се средстава од буџетот на Општина Дебрца со износ од 353.705,0 денари со пресметан ДДВ.