Соопштение од Црковен одбор с. Велгошти до жителите на с. Велгошти

Соопштение од Црковен одбор с. Велгошти до жителите на с. Велгошти

Почитувани велгоштани,

Ние од Црковниот одбор од с. Велгошти повторно ви укажуваме на проблемот со гробни места во с. Велгошти како што тоа го направивме пред околу една година и пол. Од тогаш до денес имаме иницирано средба со М.З. Велгошти од каде имаме само усмена поддршка и практично до денес не е преземена никаква активност. Исто така, писмено се обративме и до Градоначалникот на Охрид, но не добивме никакво известување од надлежните во Општина Охрид. Бидејќи, ние како Црковен одбор немаме овластување и ингеренции, повторно, јавно ги повикуваме М.З. на с. Велгошти и Општина Охрид сериозно да го сфатат овој проблем на велгоштани и во најкраток можен рок да изнајдат решение за истиот. Во спротивно, погребите ќе мора да се извршуваат на Градските гробишта во Охрид.

Црковен одбор с. Велгошти