Асфалтирани повеќе пристапни улици во градот

Деновиве на територијата на општина Охрид се одвиваа активности за асфалтирање на повеќе пристапни улици. Со овој зафат беа асфалтирани краци од улиците „Кирил и Методиј“ со вкупна површина од 540 м2, „Охридска Бригада“ со вкупна површина од 494 м2, „7-ми Ноември“ со површина од 180 м2, „Даме Груев“ со површина од 129 м2.

На улицата „Ариф Мустафа“ се асфалтирани три краци во вкупна површина од 795 м2, асфлатиран е и пристапниот пат на улицата „Ванчо Питошески“ со вкупна површина од 175 м2, пристапниот пат на улицат „Питу Гули“ со површина од 580 м2. Во рамки на СРЦ „Билјанини извори“ се асфалтира пристапен пат кој води до спортските терени на вештачка трева со вкупна површина од 272 м2, се асфалтираа и пристапни патеки на улица „Сирма Војвода“ со вкупна површина од 1 094 м2.

Во селото Коњско се асфалтираа три улички со вкупна површина од 1 090м2, во Долно Лакочереј се асфалтираа две улички со вкупна површина од 970 м2, Велгошти се асфалтираа четири улички со вкупна површина од 881 м2, во Подмоље се асфалтираа две улички со површина од 645 м2 и во Билјанини извори се асфалтира пристапен пат со површина од 600 м2.

Со овој зафат низ општина Охрид асфалтирани се краци од улици и пристапни патеки со вкупна површина од 8 445 м2, а вкупниот износ на средства издвоени за оваа намена се 13 737 796 денари.