Македонското меѓународно движење за човекови права се сретна со американскиот Стејт департмент

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, повторно се сретна со релевантни претставници на американскиот Стејт департмент и го повтори барањето на ММДЧП за САД да ја осудат Тиранската платформа, наместо истата да ја оправдуваат и да се залагаат за неа. ММДЧП побара амбасадорот Џес Бејли веднаш да се отстрани од функцијата амбасадор на САД во Република Македонија, Заменик-помошникот државен секретар Хојт Брајан Ји да го повлече своето барање за доделување на мандат на анти-македонската коалиција и за задоцнетата политика за Македонија на претседателот Трамп да се спроведе веднаш.

Николов изрази огорченост заради намерите на САД активно да ја поддржат коалицијата чија цел е да се сменат името на Македонија, идентитетот, знамето, химната, што претставува закана за територијалниот интегритет на Македонија. Тој ја потенцира иронијата со револтот од САД поради руската интервенција во неодамнешните претседателски избори, со оглед на тоа што јадрото на американската надворешна политика во последните седум децении е токму тоа – странски интервенционизам. Тој побара од американскиот Стејт департмент и особено американската амбасада во Македонија, да се држат до принципите на новата администрација на Трамп кои што ветија дека ќе стават крај на американското мешање во внатрешните работи на други држави.

Николов го повтори и барањето на ММДЧП за САД да се откажат од преговорите за името – со што ќе се покаже вистинската американската заложба за суверенитетот на Македонија – за разлика од актуелните напори да го поткопаат истиот. Со ова ќе се елиминира проблемот кој што доведе до нестабилност во регионот, која што е присутна уште од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година.

Потенцирана беше и потребата за САД да ги осудат антимакедонските изјави, постапки и уцени од страна на ЕУ, Европскиот парламент и соседите на Република Македонија, а особено бизарната Резолуција на Европскиот парламент со која што македонското малцинство во Албанија беше прогласено за „бугарско“, како и изјавата на Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини дека разговорите за влез во ЕУ за „оваа земја” ќе бидат во прекин, доколку не биде даден мандат за формирање на Влада на антимакедонската коалиција. Иронијата е во тоа што на Македонија и’ е всушност блокиран влезот во НАТО и ЕУ додека не го смени името за да се задоволи Грција, земја-членка на ЕУ која што ја има поддршката на Унијата во негирање на постоењето на македонската нација.

Николов изрази бес дека македонското малцинство на Балканот не само што не уживаат во човековите права „загарантирана“ од страна на Европската унија, но и дека често мора да се одбрани од нападите врз нејзините етнички потекло од страна на самата Европска унија, вклучувајќи одбивањето од страна висока главен Могерини и ЕУ да ја нарекувам Македонија со нејзиното име. Николов повика на годишниот Стејт Департментот Извештај за човекови права да се вклучат сите случаи на кршење на човековите права на Македонците во балканските земји како оваа информација е постојано се предвидени за нив од страна на ММДЧП. Тој, исто така, потврди дека прогрчки, анти-македонски термини како „словенски групи“ не смее да се користи за опишување на Македонците, бидејќи ова е термин кој се користи од страна на Грција за да го негираат етничко потекло Македонци.

Николов изрази огорченост затоа што македонските малцинства на Балканот, не само што не ги уживаат човековите права што треба да се „гарантирани“ од страна на Европската Унија, туку и заради тоа што многу често се во ситуација да мора да се бранат од нападите врз своето етничко потекло. Напади кои што доаѓаат од самата Европска Унија, вклучувајќи и одбивањето на Високата претставничка Могерини и државите членки на Европската Унија да и’ се обратат на Македонија со нејзиното вистинско име. Николов побара во годишниот Извештај на Стејт департментот за човековите права во земјите од светот да бидат вклучени и сите кршења на човековите права на Македонците во балканските држави, од информациите кои што континуирано ги добиваат од ММДЧП. Тој исто така нагласи и дека про-грчки, анти-македонски термини како „словенски групи“ не смеат да се употребуваат во опишување на Македонците, бидејќи тоа е терминот што се користи од страна на Грција за да го негираат етничкото потекло на Македонците.

На крајот Николов побара уште и истите права кои што се загарантирани за албанското малцинство со Охридскиот рамковен договор да се имплементираат и за македонското малцинство во Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија.

Двојниот стандард за Македонија и Македонците мора да прекине веднаш. ММДЧП очекува САД да ги почитуваат сопствените декларации за демократија и човекови права и да обезбеди услови тоа конечно и да се оствари.