Меѓународни летни курсеви за бугарски јазик, литература и култура

Се информираат сите заинтересирани граѓани дека во тек е пријавувањето за учество на меѓународни летни курсеви за бугарски јазик, литература и култура, организирани од страна на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Софија (двајца учесници) и Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново( еден учесник).

Трошоците за сместување, исхрана и за културни и образовни активности ги покриваат организаторите, додека трошоците за пат и осигурување се на товар на учесниците.

Пополнетите формулари за учество треба да бидат доставени на електронската адреса vpopova@mon.bg, најдоцна до 31.5.2017 година.

Формулар – Универзитет “Св. Климент Охридски“ – Софија

Формулар Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Велико Трново