Нарконон Балкан – Центар за рехабилитација од зависности

Нарконон Балкан претставува Центар за рехабилитација од зависности (дроги, алкохол), кој се наоѓа во с.Конопиште – Кавадарци, а успешно работи веќе 12 години. Се издвојува од другите центри за рехабилитација по тоа што работи по лиценцирана програма (во светот постојат 60 центри од ваков тип, а овој Центар е единствен од ваков тип на Балканот), се е на природна база (со витамини и минерали), не се користат никакви лекарства. Во програмата, како многу важен дел од рехабилитацијата, е вклучена сауна и посебни масажи што ги олеснуваат физичките потешкотии, како и вежби што помагаат во намалување на менталните потешкотии. Нарконон центрите низ светот успешно работат и опстануваат веќе 50 години.

Доколку познавате некој близок/познаник на кого му е потребна ваква помош, контактирајте на бројот: 043-800-097

Заедно да спасиме уште еден човечки живот!!!

www.narconon-balkan.org

Успешна приказна на студент: „Кога завршив со сауна се чувствувам многу убаво и моќно што мислев дека мојата рехабилитација е завршена и само чекав што побрзо да ги завршам и другите чекори од програмата. Но во текот на Објективите покрај тоа што навистина согледав многу работи во врска со мене и мојот живот, секој ден се чувствувам се побуден и побуден, почнав повторно да се чувствувам како дел од овој свет, видов во каква заблуда сум живеел, во реалност која постои само во мојата глава, во која постојам само јас, бев убеден дека така треба, за се си имав оправдување. Како што се зголемуваше мојата свесност, моето внимание не беше насочено само кон мојата „реалност“ туку постепено почнав да го насочувам и кон околината, морам да признаам дека ми беше многу тешко, чувствував голема болка, желба да се откажам од се (како што сум правел секогаш), но истовремено почнав да го разбирам и тоа дека самата свесност го прави тоа, за прв пат ја согледуваш реалноста. Мојата одговорност проработи, која претходно никогаш не сум ја ни имал. За прв пат видов дека јас сум причината, јас треба да одлучам дали да продолжам, да не се откажувам така лесно од работите. Да ја прифатам реалноста таква каква што е, секако не е лесно да се соочи. Сега знам дека сум една свесна личност, една одговорна личност која е спремна да се соочи со сите предизвици, која нема да се откажува повеќе. Да придонесувам за себеси и за другите околу мене кои ме сакаат, кои се дел од мојата сегашност.“