Туристичкиот производ од Македонија промовиран со нова содржина и во нов формат

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Р. Македонија, оваа година според програмските активности изготви нови промотивни материјали за потребите на саемските настапи и презенатициски активности за странските туристички пазари.

Туристичките дестинации и продукти од Македонија промовирани со нова содржина и во нов формат се однесуваат на промотивен материјал брошура и краток туристички филм.

Брошурата содржи автентични фотографии и текстови за туристичките центри во Република Македонија, со интересен дизајн за да го привлече вниманието на страствените патувачи подготвени да ги откријат туристичките богатства на Македонија. На следните 52 страници може да ги откриете најзначајните историски, археолошки и културни знаменитости, храна и вино, рурални туристички места, настани и манифестации и останати туристички атракции.

Туристичкиот филм е во времетраење од 16 минути, со примамлива приказна која го скокотка љубопитството на секој турист. Филмот ги прикажува најголемите туристички центри, планини, езера, реки, туристички атракции, историја, култура и археологија. Филмот содржи атрактивни кадри и снимки од воздух, збогатен со музиката на автентичниот македонски мелос преку ноти отсвирени на традиционални македонски инструменти.

Брошурата и краток туристички филм се јазично адаптирана на следниве десет јазици вклучително и македонскиот: англиски, германски, француски, турски, руски, српски, бугарски, полски и италијански.

На следниве линкови може да погледнете во брошурата за неоткриените македонски туристички богатства и линк од you tube каналот каде може да го изгледате промотивното видео за Македонијa:

Macedonia Undiscovered Tresure HD