Ohrid SUPERSTAR преку 7 телевизии до публиката во целата држава

Преку програмата на 7 регионални телевизии ширум државата, Талент Шоуто OhridSUPERSTAR ќе стигне до публиката во целата држава.

„Очигледно е дека проектот кој го работиме ги надмина локалните граници и повратните информации кои ги имаме од публиката, но и од професионалците само ни потврдуваат дека имаме фантастичен производ. Имаме договор со колегите од телевизиите ширум државата, кои ќе започнат да ги емитуваат снимките, со што талентите од нашиот регион ќе стигнат до публиката во целата држава. Ова е само награда и потврда за трдот кој целиот тим кој е инволвиран во овој проект го вложи изминативе неколку месеци. Ви благодариме за поддршката и одиме понатаму, до финалето и до првиот охридско-струшки SUPERSTAR,“ порачуваат организаторите.

Ohrid SUPERSTAR ќе се емитува на програмата на ХДТВ МЕГА во општините: Битола, Демир Хисар, Прилеп, Новаци, Могила, Кривогаштани, Долнени, Крушево, Ресен, Кичево, Македонски Брод и Пласница, ХДТВ Канал Плус во градовите: Штип, Пробиштип, Кочани, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево и околните помали општини, K1 Велес која ги покрива градовите: Велес, Демиркапија, Кавадарци, Неготино, Градско, Росоман, Чашка, Лозово, Св. Николе, Телевизија Ултра ги покрива градовите и општините: Тетово, Гостивар, Маврово, Рустуше, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јагуновце, Канал 3 од Дебар која го покрива регионот на Дебар и Центар Жупа, телевизија А1 Струмица преку која ќе се гледа во регионот на Струмица, Гевгелија, Радовиш, Валандово, Богданци, Василево, Босилово, Ново Село, Конче и Дојран, како и телевизија К3 од Куманово за регионот на Куманово, Крива Паланка и Кратово.

Инаку, во неделата се одржа првата елиминациона вечер со првата група кандидати.

„Во полуфинале влегоа 11 натпреварувачи и тоа: Мухамет Осман ЏиЏи, Филип Симоноски, бендот „High Voltage“, Ивана Коскоска, Мила Василеска, Викторија Донеска, Ангела Маркоска, Надица Наумоска, Билјана Буџакоска, Сара Петреска и бендот „Barel Row““, информираат организаторите.

Во втората половина на март се предвидени двете елиминациони аудиции, од кои првата се одржа вчера, а во текот на април се предвидени и полуфиналната вечер и големото финале. Насоки на младите талентирани охриѓани и стружани им даваат Даниел Јовески, Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски, како членови и на Жири комисијата.

Сите фотографии од првата елиминациона вечер со првата група кандидати ОВДЕ, а подолу можете да ја погледнете и снимката од втората од двете прелиминарни аудиции со кандидатите пријавени за Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR.

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес