Пронајдена дрога во Охрид кај жител од Жировница

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Б. (30) од с.Жировница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суостанции и прекурсорси”.

На 14.08.2016 година во 23.35 часот, во кругот на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид полициски службеници извршиле преглед врз пријавениот и пронашле четири рачно изработени цигари со 2,48 грама марихуана.