Пронајдена дрога кај кичевчанец

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Ш.Д. (19) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 12.01.2016 година околу 20.10 часот во Кичево пријавениот на лицето Д.К. неовластено му продал 1,61 грам марихуана која била пронајдена при извршен претрес од страна на полициски службеници.