СВР Охрид поднесе кривична против лице од Неготино поради измама

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К. (30) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела ,,измама”. Во периодот од февруари и март 2016 година пријавениот истакнал оглас на интернет огласувач дека нуди вработување во странство, за што лажно се претставувал дека е Д.Н. од Скопје и дека посредува за добивање на работа во Германија. Истиот, во неколку наврати, довел во заблуда две лица од Охрид кои на трансакциска сметка од пријавениот уплатиле износи од 90.400 денари, но по поминување на договорениот рок, не добиле никакво известување за тоа кога ќе бидат работно ангажирани.