Два сребрени медали за Бојан Трајковски на Светските зимски игри на Специјална олимпијада

Во просториите на Македонскиот олимписки комитет, спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски се сретна со Бојан Трајковски, претставник на Република Македонија на Светските зимски игри на Специјална олимпијада.

Бојан Трајковски, на овие Светски зимски игри на Специјална олимпијада, одржана во Австрија, во дисциплините велеслалом и супер велеслалом, постигна голем успех и освои два сребрени медали.

МОК упатува искрени честитки за Бојан и верува во уште подобри резултати на нашите најдобри спортисти, идни учесници на Специјалната олимпијада.